Во текот на патувањата низ поранешниот Советски Сојуз канадскиот фотограф Кристофер Хервиг дошол до заклучок дека западните клишеа за СССР се далеку од истината. Тој дошол до таквиот заклучок кога ги видел „лудите“, единствени автобуски постојки проектирани од советските архитекти, пишува „Гардијан“, а пренесува „RT”.
Како што наведува изданието, според мислењето на Запад, во Советскиот Сојуз ја гушеле креативната слобода. Меѓутоа, советските архитекти пронашле „дупка“ преку која можеле да ѝ дадат одврзани раце на мечтата – автобуските постојки. Канадскиот фотограф поминал 30 илјади километри за да ја забележи таа „необична убавина“..
Според Хервиг, во поранешната советска империја, од црноморскиот брег до казахстанската степа, поимот „нормално“ не постои и секоја постојка во целост го одразува тежнеењето на Советскиот Сојуз кон гротеска.
Фотографот дошол до идеја да ги фотографира автобуските постојки во 2002 година кога патувал со велосипед низ балтичките земји. Почнал од Литванија (постојките му личеле на куќички за кукли), па во Казахстан, каде затекнал „потполно луди станици“.
По 12 години и поминати 30 илјади километри, тој можел да ги избере своите омилени станици од 14 поранешни социјалистички земји и да објави книга со фотографии.
„Изградбата на автобуските постојки беше начин да се измени монотонијата на советската реалност и архитектура“, изјави професорот Константинас Јаковљевас Матекис, кој бил началник на патното проектирање во Литванија кон крајот на 60-те години.
Изданието наведува дека најубавите постојки се во Пицунда на брегот на Црното море, каде Никита Хрушчов имал викендичка. Најголемиот дел се креација на грузискиот вајар и архитект Зураб Церетели, кој подоцна стана и претседател на Руската академија на уметности.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче