Премиерот на Чешка Богуслав Соботка изјави дека за решавање на кризата во Сирија, поради која ЕУ не може да се справи со приливот бегалци, е неопходно да се вклучи и Русија.
„Неопходно е да се вклучи Русија за решавање на проблемите во Сирија и да се има комуницира со Русите, без оглед на тоа што врз нив поради Украина се наметнати санкции“, ја цитира РИА „Новости“ изјавата на Соботка што тој ја даде за прашкото интернет-издание Novinky.
Според зборовите на премиерот, Европа сега има животно заинтересирана за прекин на војната во Сирија. „Инаку не сме способни да го запреме миграцискиот поток од таа земја“, потенцираше тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче