„Сметам дека тие можат да останат во Советот за безбедност, меѓутоа, мислам дека на Русија треба да ѝ биде скратено правото на вето по прашањето на конфликтите во кои таа е учесничка. Ваквиот чекор нема само да ги направи поефикасни механизмите на Советот за безбедност, туку ќе ја врати и ефикасноста на тие механизми“, изјави Порошенко.
Тој потсети дека смета на формирање меѓународен трибунал во врска со рушењето на малезискиот „Боинг“ во текот на Генералното собрание на ОН.
Советот за безбедност на ОН на 29 јули гласаше против предлог-резолуцијата за основање меѓународен трибунал за истрага околу несреќата со „Боингот“ над Донбас. Русија, како што најави, го искористи правото на вето за да го спречи усвојувањето на оваа резолуција.
Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека разгледувањето на укинување на правото на вето поради цела низа причини тешко дека ќе донесе некакви резултати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче