Медиум: Путин „преоѓа во офанзива“ во сирискиот конфликт

Без оглед на неуспешната политика на Западот на Блискиот Исток, претседателот на РФ Владимир Путин стави до знаење дека за постигнување мир во регионот подготвен е да соработува со Вашингтон и да бара политичко решение на кризата во Сирија.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја подложи на критика политиката на Западот на Блискиот Исток но, без оглед на тоа, рускиот лидер е подготвен да соработува со Вашингтон за постигнување мир во регионот, пишува германскиот „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

Како што пишува весникот, Владимир Путин на Источниот економски форум во Владивосток „преоѓа во офанзива“ во сирискиот конфликт со изјавата дека Москва е подготвена да им помогне на земјите од Западот во борбата против терористичката организација „Исламска држава“.

„Ние во Русија пред неколку години зборувавме ако нашите таканаречени западни партнери ја спроведуваат таа погрешна политика во регионите на муслиманскиот свет, во регионите на Блискиот Исток, Северна Африка и дека тоа ќе доведе до проблеми од голем размер“, ги цитира изданието зборовите на Путин.

Изданието исто така истакнува дека засега не е јасно дали Русија непосредно ќе се вмеша во кризата на Блискиот Исток и какви размери тоа може да има затоа што, смета авторот на материјалот, нови бомбардирања можат само да ги зголемат „страдањата на цивилното население“.  

„Москва продолжува да бара политичко решение за кризата. Руската страна уверува дека Асад е подготвен за нови избори и Путин ја повика сириската опозиција за учество во мирно решавање на конфликтот“, заклучува изданието.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња