„Блумберг“: Русија ги истиснува САД од пазарот на пченица

Добриот квалитет на пченицата заедно со пониските цени станаа доволна основа за низа земји да ја претпочитаат Русија во однос на САД кога станува збор за купување жито, пишува агенцијата „Блумберг“.

Руските компании што се занимаваат со испорака, користејќи ја ситуацијата на монетарниот пазар и намалените цени за транспорт, се способни да ги поткопаат позициите на повеќето конкуренти, пишува агенцијата „Блумберг“.

„Додека американската доминација на глобалниот пазар слабее последниве две децении, а испораките од Црноморскиот регион се зголемуваат, традиционалните купувачи на американската пченица почнаа сѐ повеќе да купуваат жито од Русија“, се вели во материјалот.

Како што истакнуваат авторите, падот на националната валута овозможи рускиот извоз да стане поконкурентен.  

„Очигледно, што во прв ред тоа е прашање на цената. Црноморскиот регион нуди квалитетна пченица по добра цена, а цените во САД реално се превисоки за да можат да се наречат оправдани“, уверена е Еми Рејнолдс, виш економист на Меѓународниот совет за жито.

Трговијата со пченица е поделена по зони: Црноморските и Европските региони испорачуваат на Блискиот Исток и во Северна Африка, САД и Канада доминираат на пазарот во Латинска Америка, а Австралија е задолжена за обезбедување на поголемиот дел од Азија.

Претходно Египет купуваше 90% од неопходното количество пченица од САД. Минатата година овој показател се спушти на 7%, додека уделот на Русија се зголеми на 25% - ова се податоците од египетската Управа за набавка на суровинска стока. Оваа северноафриканска земја е најголем купувач на пченица во светот.

„Засега конкурентната ситуација оди во полза на Русија. Не сметам дека токму сега има основа да се сметаат САД за главен извор на испораки на светскиот пазар“, ги цитира изданието зборовите на Штефан Фогел, шеф на истражниот оддел за земјоделски стоки на банката „Радобанк“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња