Турски медиуми: Русија и Кина го ставаат доларот во втор план

Русија и Кина формирале силен сојуз на патот кон „дедоларизација“ на светот, смета турскиот портал „Т24“.

Во врска со неодамнешните случувања во економијата, станува јасно дека Русија и Кина формирале силен сојуз на патот кон „дедоларизација“ на светот. Како што пишува турскиот портал „T24”, САД се многу загрижени поради овој соуз, затоа што губењето на клучната улога на доларот во меѓународната трговија, инвестициите, трансферите и резервите на централните банки претставува главна закана за Америка, пренесува „RT”.

Како што се наведува, многу држави, а пред сѐ Русија и Кина, активно му ја одземаат на доларот оваа улога, користејќи ги во билатералната трговија националните валути. Во кинеско-руското тргување јуанот и рубљата почнаа да го заменуваат доларот уште во 2011 година, додека во 2014 година централните банки на РФ и Кина потпишаа договор во износ од 150 милијарди јуани. Според турскиот портал, Владимир Путин, загрижен поради западните санкции, рекол дека „употребата на рубљата и јуанот ќе го ослабат влијанието на доларот“.

Истата година Централната банка на Русија потроши значителен износ од своите резерви во долари и продаде 20% од расположливите американски обврзници. Сличен чекор ова лето направи и Централната банка на Кина, која потроши околу 500 милијарди долари од своите резерви.  

По одлуката на Пекинг за девалвација, Централната банка на Кина продаде сериозно количество долари за да, наводно, го запре колапсот на берзите во Шангај и Пекинг. Стручњаците сметаат дека ова беше една од причините што во „црниот понеделник“ сѐ беше „обоено со црвена боја“.

Турскиот портал наведува дека постои уште еден битен момент: информацијата за новиот нацрт-закон на РФ, кој забранува физичките и правните лица во Русија да го користат доларот во надворешната трговија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.