„Рапторите” ја посетија руската граница

Два повеќенаменски ловци на Военото воздухопловство на САД F-22 Raptor кои во петокот стигнаа во базата Емери, ја напуштија Естонија и се упатија кон Шпангалдем во Германија, соопшти Генералштабот на одбранбените сили на Естонија, а пренесува „Взгљад”.

Авионите од петта генерација F-22 Raptor првпат слетаа во воената база Емари кај Талин. Во текот на летот беа придружувани од два борбени авиони A-10 кои учествуваа во воените вежби во Естонија. До слетувањето авионите речиси цел час летаа над градовите и селата на оваа земја.

Од естонското министерство за одбрана истакнаа дека целта на посетата е запознавање со техничките можности на базата и демонстрација на солидарност со сојузниците на НАТО.

На интернет е објавено видео во кое американски F-22 заедно со А-10 Thunderbolt летаат над Естонија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња