Обемот на потпишаните договори на Источниот економски форум изнесува 1,3 трилиони рубли, изјави на брифингот за новинарите вицепремиерот, политички претставник на претседателот на РФ во Далечноисточниот федерален округ Јуриј Трутнев.
„Често ми го задаваат прашањето, колку договори се потпишани, која е сумата. Ние не очекувавме таква цифра, искрено ќе ви кажам. Добивме околу 80 договор, сумата излезе дека е 1,3 трилиони (рубли)“, изјави тој.
Трутнев истакна дека „интерес кај инвеститорите да работат на Далечниот Исток има, тоа е најважно“: „Тој интерес треба да се претвори во средства, во пари кои ќе дојдат во регионите на Далечниот Исток“, потенцираше вицепремиерот.
Привлекувањето азиски инвестиции на Далечниот Исток засега оди мошне бавно, изјави тој.
Според неговите зборови, РФ започна преговори за привлекување азиски партнери за докапитализација на Фондовите за развој на Далечниот Исток.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче