Чешко контраразузнавање: Русија се обидува да создаде во Европа аналог на Коминтерната

Чешката контраразузнавачка Служба за безбедност и информирање во својот годишен извештај за 2014 година изјави дека Русија со помош на своите тајни служби и агенти се обидува да создаде во Европа нешто слично на поранешната Коминтерна.

„Русија создава во Европа идеолошка структура која може да биде прифатена од целиот европски политички спектар  - од екстремните леви сили преку популистите до екстремно десните сили, што може да се смета за враќање на концептот на Коминтерната која беше создадена и управувана од Советскиот Сојуз“,  го пренесува РИА „Новости“ текстот на извештајот на СБИ.

На пример, во Чешката република, според информациите на службата, Москва веќе долго време создава структури за свое влијание и пропаганда чија цел е промовирање на руските политички и економски интереси за сметка на интересите на Чешка, ЕУ и НАТО. Украинската криза дополнително покажа присуство на таквите структури во републиката и степенот на нивното влијание врз тамошното општество.

Не мало влијание врз населението на земјата имаа и имаат проруски-ориентираните чешки организации одделни граѓани. Тие имаат интернет-проекти со кои имаат можност да му ги претставуваат на локалното населени ставовите и аргументите на Москва, притоа со помош на методите постојана пропаганда доведувајќи ги луѓето да мислат дека тоа не се руски идеи, туку ставови и убедувања на нивните чешки сограѓани. Како резултат на тоа, дел од населението може да се залага за уништување на споменик на советските окупатори-„интернационалисти“ од 1968 година, и притоа истовремено да се поддржува окупацијата на Крим и активноста на руските „интернационалисти“ на истокот на Украина, смета СБИ.

Руските тајни служби кои дејствуваат во Чешка продолжуваат да ѝ посветуваат зголемено внимание на работата со рускојазичната заедница во целина и нејзините одделни претставници, стремејќи се да ги искористи можностите за нивно влијание врз општествената ситуација во земјата.

Исто така,„Русија не ја смета за изгубена борбата за чешката атомска енергетика“. Истовремено расте рускиот интерес во целина за новиот концепт на енергетската политика на земјата и нејзините главни субјекти. Според мислењето на СБИ, на чешката атомска енергетика во Москва сѐ повеќе се гледа во контекст на развојот на енергетиката во однос на Централна Европа.   

Освен тоа, сѐ  почесто во сферата на рускиот интерес влегува и учеството на чешките фирми во меѓународните научно-технички проекти и поврзаните со нив можности за пристап до финансиските средства од чешките и европските грантови кои можат да бидат реализирани со помош на чешки посредници кои соработуваат со руската страна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.