Поморскиот борбен авијациски полк на Црноморската флота доби повеќенаменски ловци Су-30СМ, соопшти претставникот на флотата Вјачеслав Трухачев, а пренесува „Взгљад”.
„Авионите стигнаа на Крим, на местото каде ќе бидат постојано распоредени. Во моментов се подготвуваат за летови во рамките на програма за совладување нови технологии“, рече Трухачев.
Овие ловци постепено ќе ги заменат бомбардерите Су-24 кои сега ја сочинуваат основата на авионскиот парк на Поморската авијација на Црноморската флота.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче