Путин: Управувањето со државата однадвор е навреда за украинскиот народ

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека развојот на настаните во Украина ќе зависи од тоа колку Украинците можат да ги трпат „овие баханалии“, пренесува „Взгљад”.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека развојот на настаните во Украина ќе зависи од тоа колку Украинците можат да ги трпат „овие баханалии“, пренесува „Взгљад”.

„Тоа зависи не од нас, туку од Украина и украинскиот народ и колку долго ќе може да ги трпи овие баханалии“, рече Путин одговарајќи на прашање на новинарите за понатамошните случувања во Украина.  

„Тоа што со Украина управуваат однадвор и што на сите клучни места во владата и регионите се странци го сметам за навреда на украинскиот народ. Зар во Украина повеќе нема пристојни и чесни луѓе, образовани раководители? Па, се разбира дека има“, истакна Путин.  .

Рускиот претседател, исто така, го повика Киев да ги усогласи со Донбас амандманите на уставот. „Сакам да потсетам дека со Минската спогодба се предвидени амандмани на уставот на Украина, меѓутоа, тие мораат да бидат реализирани во договор и по пат на дијалог со Донбас, со териториите на непризнаените републики ДНР и ЛНР. Ништо слично властите во Киев, за жал, не преземаат и никакви амандмани на уставот на Украина нема“, рече Путин.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.