Русија презема определени јавни чекори за создавање меѓународна антитерористичка коалиција, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.
Според неговите зборови, првите резултати покажуваат дека во целина таква координација е можна, пренесува ТАСС.
„Ние преземаме определени чекори, при што тоа го правиме јавно“, изјави шефот на руската држава. „Ние навистина сакаме да создадеме некаква меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот, и со таа цел одржуваме консултации со нашите американски апртнери“, изјави Путин, напоменувајќи дека телефонски разговарал околу тоа со лидерите на САД, Турција, Саудиска Арабија, Јордан, Египет и други земи.
„Ги продолжуваме политичките напори за обединување, за создавање некаква коалиција. Ако денеска е невозможно, што се вели, да се организира заедничка работа директно со секого на бојното поле меѓу сите земји заинтересирани за борба со тероризмот, тогаш би било неопходно макар да се воспостави некаква координација меѓу нив. Ние се обидуваме и даваме напори во таа насока. И првите чекори покажуваат дека во целина, воопшто, тоа, на мој поглед, е можно“, потенцираше Путин.
Тој призна дека постојат разни пристапи кон ситуацијата во Сирија. „Впрочем, луѓето не бегаат од режимот на Башар Асад, туку бегаат од „Исламската држава“. Истовремено Путин истакна дека е рано да се зборува за можноста за учество на Русија во воени операции против ИД.
Тој повика на заедничка борба против тероризмот и екстремизмот во проблематичните земји. Првиот чекор мора да биде решение на тој проблем, инаку ќе биде невозможно да се оди напред.
Вториот чекор треба да биде обновата на економиите и социјалната сфера на тие земји, смета претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче