Путин: Кризата со мигрантите во Европа е предизвикана од погрешната политика на Западот

Претседателот на РФ Владимир Путин смета дека Европа „слепо следејќи ги американските инструкции“, силно настрадала.

Претседателот на РФ Владимир Путин ја нарече апсолутно очекувана кризата со мигрантите во Европа, пренесува ТАСС.

„Знаете, за ова зборувавме веќе многупати: сметам дека ова е апсолутно очекувана криза. Ако се сеќавате, отворете некакви архивски документи, ние во Русија, и вашиот покорен слуга, особено, пред неколку години зборувавме дека ќе има проблеми од голем размер ако нашите таканаречени западни партнери ја спроведуваат таа погрешна, како што секогаш велев, надворешна политика особено во регионите на муслиманскиот свет, во регионите на Блискиот Исток, Северна Африка, која тие ја спроведуваат до ден-денес“.  

Причина за миграциската криза во Европа стана наметнувањето на свои тандарди без да се земат предвид социокултурните особености на другите земји, смета Путин.  

„Каква е таа политика? Тоа наметнување свои стандарди, без да се земат предвид ни историските, ни верските, националните, културните особености на тие региони“, изјави претседателот. „Тоа е пред сѐ политика на нашите американски партнери“.

Одговарајќи на прашање на ТАСС, Путин искажа зачуденост од тоа како американските медиуми ја критикуваат Европа за прекумерна жестокост спрема мигрантите, иако самите САД го испровоцираа тој проблем. 

„Јас со чудење гледам како некои американски медиуми ја критикуваат Европа за  претерана, како што тие сметаат, жестокост во однос на мигрантите“, рече Путин, особено потенцирајќи дека САД немаат таков товар со приливот на мигранти, а Европа „слепо следејќи ги американските инструкции“, силно страда.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња