Новак: Русија е подготвена да ѝ даде на Украина попуст на гас

Русија е подготвена да ѝ испорачува гас на Украина по намалени цени во IV квартал од тековната година, доколку такво барање пристигне од Киев, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

„Апсолутно ја разбираме ситуацијата: украинската страна просто нема реални пари за да плати авансно за гасот. Од наша страна се создадени сите услови Украина да купува и да обезбеди преземање на рускиот гас“, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

За IV квартал од 2015 година руската страна исто така е подготвена да обезбеди продажба на гас со попуст. Единствената ситница е дали украинската страна ќе се обрати до нас со такво барање“, ги цитира агенцијата ТАСС зборовите на министерот кој го изјави ова во интервју за каналот „Русија 24“ во рамките на Источниот економски форум.

Тој исто така изјави дека не очекува пораст на цените на нафтата во најскоро време.

„Не можеме да сметаме во блиска и среднорочна перспектива на оние цени на нафтата кои ги имавме пред 1-2 години, кога нафтата чинеше 100 долари за барел. На мој поглед, фер цена е 50-60 долари за барел, а во перспектива – 70 долари“, изјави Новак.

Колебањата на ниво од 50 долари за барел имаат конјунктурен карактер, смета министерот. „Тоа е во многу нешта поврзано со шпекулативните фактори“, додаде Новак.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња