Причина за нашите сегашни проблеми со бегалците се пред сѐ комунистите со нивната наполно идиотска политика за деконолизација во името на таканареченото право на народите на самоопределување, пишува чешкиот весник „Парламентни Листи“ (Parlamentni Listy), додавајќи дека е најголем приврзаник и промотор на оваа измама бил Советскиот Сојуз.
„Комунистите се главниот виновник за сегашното пропаѓање на таканаречените земји од третиот свет. Во 50-те години на минатиот вел тие и нивната петта колона во западните земји почнаа да зборуваат за некакво угнетување на народите во колониите. На тој начи Советскиот Сојуз заедно со своите сателити почна, обидувајќи се да го ослаби Западот, да го брани таканареченото право на народите на самоопределување. Тоа беше потполна измама на Русите, кои со посредство на СССР ги поробија другите народи. Резултат беше хаос и милиони мртви. Тоа е главната причина за уништувањето во Северна Африка и појавата на радикалниот исламизам“, пишува новинарот Јан Зиглер за чешкиот весник.
„Комунистите воопшто не беа заинтересирани за подобрување на животот на обичните луѓе во колониите. Тие само сакаа власт и потенцијални сојузници во борбата за хегемонија во светот. Затоа комунистите ги поддржуваа таканаречените национални ослободителни движења, кои во суштина беа само терористи“, се наведува во текстот.
Авторот на статија ја префрла одговорноста за исламскиот радикализам врз комунистичките земји. „Исламскиот радикализам не е производ на современиот свет, туку беше интензивно поддржуван од комунистичките држави од моментот кога арапските земји објавија независност. Класичен пример се Сирија и Египет, кои отворено ги поддржуваа муслиманските радикали, кои во соседен Израел убиваа жени и деца. Да, исламскиот тероризам потекнува од избрзаната деколонизација на арапските земји. Кога во тие земји владееја колонистите, немаше проблеми со фанатичните исламисти“, истакнува весникот.
„Главни причини за сегашните проблеми со имигрантите од Африка се деколонизацијата и тоа што земјите кои не беа подготвени за тоа стекнаа независност. Русија се нарекува себеси наследничка на СССР кој е одговорен за оваа ситуација. Тоа значи дека Русија треба да ги земе овие бегалци кај себе. На крајот на краиштата, таа има за нив доволно место“, заклучува авторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче