Јапонија ѝ предложи на Русија да се откаже од доларот

Извршниот директор на Јапонската банка за меѓународна соработка Тадаши Маеда изјави на Источниот економски форум во Владивосток дека ѝ предложил на Русија да го користи јапонскиот јен како дополнителна валута во трансакциите со Јапонија, пренесува „ИА REGNUM”.

Според неговите зборови, Јапонија им предложила на руските партнери да го користат јенот место американскиот долар со цел да ги минимизираат деловните ризици.

Потпретседателот на руската „Внешекономбанк” Андреј Сапелин кој, исто така, учествуваше на заседанието на тркалезната маса „Дијалог на земјите: Русија-Јапонија“, потврдил дека Русија разгледува со своите партнери инструменти кои ќе овозможат да се заштитат инвестициите од влијание на трети страни.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња