„Гаспром” потпиша договор за „Северен тек-2”

Руската компанија „Гаспром” потпиша акционерски договор во врска со изградбата на гасоводот „Северен тек-2“, кој предвидува испорака на поголеми количини гас во ЕУ.

Документот е парафиран од страна на директорот на рускиот холдинг Алексеј Милер и претставници на компаниите „BASF”, „E.ON”, „OMV AG”, „ENGIE” , „Royal Dutch Shell”, пренесува „Взгљад”.

Проектот ќе биде реализиран од страна на „СП New European Pipeline AG”, чии 51% од акциите ќе му припаѓаат на „Гаспром”, 10% на „E.ON”, „Shell” и „OMV”, а 9% на „ENGIE”. Како што е соопштено, ќе бидат изградени два крака на морскиот гасовод со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас кои на годишно ниво од Русија, по дното на Балтичкото море, ќе бидат испорачувани во Германија.

„Северен тек-2“ е стратешки важен за обезбедување на Европа со гас“, истакнаа од „Гаспром”.

Во рамките на Источниот економски форум во Владивосток претставниците на рускиот холдинг за гас ги разгледаа со компанијата „E.ON” перспективите на понатамошниот развој на соработката во енергетската сфера. „Особено внимание му е посветено на зголемувањето на ефикасноста на испораката на руски гас до потрошувачите во Германија и Европа, а конкретно на успешната реализација на „Северен тек“, се наведува во соопштението

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.