Земан на преговорите со Путин зборуваше на руски

Претседателот на Чешка Милош Земан на преговорите со шефот на руската држава Владимир Путин ги одби услугите на преведувачот и зборуваше на руски.

Претседателот на Чешка Милош Земан на преговорите со шефот на руската држава Владимир Путин ги одби услугите на преведувачот и зборуваше на руски.

На самиот почеток Земан со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров размени неколку фрази за цигарите. Оваа тема беше спомената и минатиот пат на средбата меѓу Путин и Земан, а на која исто така присуствуваше и Лавров, а која се одржа во Москва за време на свеченостите по повод 70-годишнината од Победата.

Претседателот на Чешка призна дека веќе испушил една цигара и дека нема повеќе. Тој исто така истакна дека времето во Пекинг е „пријатно“. „Температура од 37 степени е топла. Овде е пријатно“, изјави Земан, пренесува „Взгљад”.

Во текот на преговорите Земан зборуваше за своите планови во врска со обраќањето на следното заседание на Генералното собрание на ОН, а исто така изјави и дека смета дека е неопходно создавање меѓународни антитерористички групи.

Путин на средбата со Земан изјави дека намалувањето на трговската размена меѓу Русија и Чешка има привремен карактер.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња