Русија од 1 септември забрани увоз на своја територија на сите производи кои пристигаат со фитосанитарни сертификати од Бугарија, се вели во соопштението на „Россељхознадзор“.
„Россељхознадзор донесе одлука за забрана од 1 септември 2015 година на увоз на територијата на Руската Федерација на сите карантински производи со висок фитосанитарен ризик кои се со „бугарски фитосанитарни сертификати“, се вели во соопштението.
Руската институција прецизира дека Бугарската агенција за безбедност на производството ги признало за фалсификат сите извозни и реекспортни фитсанитарни сертификати кои наводно ги издава бугарската страна за карантински производи со висок фитосанитарен ризик, а кои се увезуваат во РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче