Путин: Турбуленциите во економиите нема да им попречат на крупните проекти на Русија и Кина

Претседателот на Русија на средбата со претседателот на Кина Си Ѓинпин во Пекинг изјави дека земјите ќе продолжат да ги развиваат билатералните односи и да реализираат крупни проекти.

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека, без оглед на турбуленциите во  економиите на Русија и Кина, крупните билатерални проекти ќе се реализираат, пренесува РИА „Новости“.

„Ги гледаме сите турбуленции што се случуваат во светот, во нашите економии, ние сме подготвени за тоа“, изјави шефот на руската држава на средбата со претседателот на Кина Си Ѓинпин во Пекинг.

Според зборовите на Путин, тој и Си Ѓинпин имаат „полна увереност дека ќе се движиме постепено, ќе се движиме напред, ќе ги развиваме нашите односи, реализираме сите наши планови, вклучително и крупните проекти“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.