Чуркин: Русија нема да стапи во коалиција со САД за борба против „Исламската држава“

Русија нема намера да стапи во коалиција на чело со САД, изјави Виталиј Чуркин, постојан претставник на РФ во ООН.

Постојаниот претставник на Русија во ООН ги демантираше информациите дека Москва ќе ѝ се придружи на таканаречената „коалиција предводена од САД против ИСИЛ“, пренесува „RT“.

„Нема да се ѝ се приклучиме на коалиција која дејствува надвор од одлуката на Советот за безбедност, без дозвола од Советот за безбедност. Тие ја бомбардираат територијата на Сирија без согласност на сириската влада, без дозвола од Советот за безбедност. Во Ирак – разбираме – тие, на пример, дојдоа до согласност од ирачката влада или до договор со неа. Но не во Сирија.“

„Тие не можат да ги дефинираат своите приоритети. Како што мислиме, очигледно е дека приоритет сега е борбата против ИСИЛ, но тие како да не можат да одберат со кого да се борат: со сириската влада или со ИСИЛ.“

Чуркин исто така изјави дека ќе истапи против предлогот на Франција да се ограничи правото на вето во Советот за безбедност. Франција покрена иницијатива во чии рамки таа се обидува да ги убеди останатите четири постојани членови на СБ да се воздржат од примената на правото на вето во случаи кога се работи за масовни злосторства.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња