Путин: За Русија се погубни сите поделби

Претседателот на РФ Владимир Путин зборуваше пред младите во образовниот центар за надарени деца „Сириус” во Сочи.

Историјата на Русија покажува дека сите внатрешни поделби се погубни за неа и дека само единството на народот и општествениот консензус можат да ѝ обезбедат на земјата успех, можат „да ја осигураат независноста на државата, да придонесат за пружањето отпор на секој моќен и предавнички непријател“, претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до младите во образовниот центар за надарени деца „Сириус” во Сочи.

Според неговите зборови, „кога и да беше поставено прашањето за одбрана на татковината, стануваше целиот наш народ“. „Од каде ја црпеше својата џиновска сила, подготвеноста да се жртвува? Од искрената љубов спрема својата земја, која доаѓа од срцето“, изјави Путин, а пренесува „Взгљад”.

Рускиот претседател исто така смета дека е важно да постојат „јасни морални ориентири“ во технолошкиот развој. „Само општество со цврст духовен став и потпора е способно за хармоничен технолошки развој. Само такво општество може достигнувањата на науката да ги употреби за доброто на човештвото, а не на негова штета“, уверен е Путин.  

Иако животот се промени кардинално, вистинските вредности, според рускиот претседател, останале исти. „Тоа се чесноста, патриотизмот, благородноста, сочувството, одговорноста и чувството за долг. Уверен сум дека сето тоа е и за вас важно“, истакна Путин.  

Путин истакна дека новите генерации веруваат во своите сили. „Секој од вас треба да се пронајде себеси, своето достојно место во животот. Само тогаш ќе станете обединета, добро уиграна екипа, најдобра на светот. Уверен сум дека така ќе биде“, рече рускиот претседател. „Ние ќе бидеме покрај вас, ќе ви помагаме и ќе им се восхитуваме на вашите успеси, ќе работиме за вас и заедно со вас за Русија. Верувам во вас, во успехот на секој од вас. Вие можете, должни сте да победувате и ќе победувате!“, заклучи Путин.  

 

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња