Потпретседателот на Авганистан Абдул Рашид Достум ја повика Русија да ги снабди со оружје авганистанските специјални служби, вклучително и со авиони, за борба против терористите од „Исламската Држава” (ИД), пренесува „Взгљад” .
„На нашите безбедносни сили им се потребни борбени авиони, хеликоптери и друга опрема. Веќе имаме доста оружје од Русија. Тие (Русија) мораат да им помогнат на нашите служби за безбедност”, рече Достум.
Според неговото мислење, ИД претставува закана не само за Авганистан, туку и за целиот регион. „Секој знае дека Авганистан не е единствена земја против која тие имаат план. Во тој план влегува Кавказот, Русија, централна Азија. Сега гледаме како се уништуваат Сирија и Ирак. Тие сакаат да ја нарушат стабилноста и во централна Азија“, истакна потпретседателот на Авганистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче