Претседателот на Сојузот на филмски работници на Русија Никита Михалков, коментирајќи ја информацијата за тоа дека му е забранет влез на територијата на Украина, ја спореди политиката на оваа земја со фашистичка Германија, соопшти во понеделникот, 31 август, прес-службата на режисерот.
„Ме прашувате што чувствувам во врска со веста дека ми е забранет влез во Украина? Го чувствувам истото што, ми се чини, би го чувствувал Сергеј Михајлович Ајзенштајн доколку во 1939 година би му забраниле влез во фашистичка Германија“, изјави рускиот режисер, а пренесува „Взгљад”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче