САД ја разгледуваат можноста за воведување санкции како против руски, така и против кинески граѓани и компании за кои се сомневаат за кибер-напади против американски комерцијални структури, пишува „Ројтер“.
Засега властите на САД немаат донесено конечна одлука за воведување нови санкции кои можат уште повеќе да ги влошат односите меѓу Вашингтон и Москва, а покрај тоа, и да ѝ фрлат сенка на планираната за септември државничка посета на кинескиот лидер Си Ѓинпин на САД, истакнува агенцијата.
Санкциите кои сега ги разгледува Вашингтон, не се однесуваат на хакери за кои постои сомневање дека извршиле упад во податоците на владата. Санкциите можат да бидат објавени против граѓани и компании за кои САД се сомневаат дека имаат незаконски пристап до комерцијални информации. Санкциите можат да ги лишат физичките и правните лица од пристап до финансискиот систем на САД, што може да стане „смртна казна за едно сериозно претпријатие“, се вели во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче