Медиум: Русија никогаш нема да ги добие сите пари што ѝ ги даде на Украина

Украина ги губи и остатоците од довербата, смета полскиот весник Obserwator Polityczny.

Заканата на премиерот на Украина Арсениј Јацењук дека нема да го плати долгот спрема Москва ги наведува потенцијалните кредитори да се замислат дали Киев е сериозен партнер, пишuва полскиот весник Obserwator Polityczny.

Украина ги губи и остатоците од довербата, смета весникот.

Една од последните изјави на премиерот на Украина Арсениј Јацењук за Руската Федерација не е само скриена закана, туку пред сѐ доказ за тоа дека колку повеќе олигарси се на власт, Украина е подалеку од цивилизацијата“, се вели во статијата.

Весникот истакнува дека кредиторите имаат право да го ослободат должникот од долгот, но дека тоа не може да го стори должниот спрема кредиторот.  

„Зборуваме за одреден цивилизациски стандард кој лежи во основата на секое законодавство на западната цивилизација и цивилизациите кои се поврзани со неа“, смета весникот. „Како можат сериозно да се однесувате спрема земја чиј премиер ја доведува во прашање одлуката на законски претседател, затоа што таа не сака да ги врати своите долгови?“, смета Obserwator Polityczny.

Освен тоа, ако Јацењук си дозволува јавно да ги доведува во сомнеж вчерашните постапки на Јанукович, тогаш утре некој трет може да ги доведе во сомнеж потезите на самиот Јацењук, кој со самото тоа го доведува во прашање континуитетот на украинската државност.  

Сепак, Јацењук може да биде спокоен: киевската берза нема да падне, ниту пак гривната ќе падне, затоа што нема каде да падне.  

„Русија, веројатно, повеќе никогаш нема да ги добие парите што ѝ ги позајми на Украина“, констатира весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.