Одлуката за влез на авио-компанијата „Трансаеро“ во состав на „Аерофлот“ е донесена на седницата на меѓуресорната комисија посветена на прашања од авио-собраќајот, а со која претседаваше потпретседателот на руската влада Игор Шувалов, пренесува „Росијскаја газета”.
„Акционерите на „Трансаеро“ сметаат дека овој потег ќе биде во интерес на патниците, вработените и партнерите на авио-претпријатието“, соопшти авио-компанијата.
„Аерофлот” планира да преземе 75% од акциите на компанијата „Трансаеро”, како и во целост да го реструктуира нејзиното работење. Според неофицијалните соопштенија, веќе во четвртокот на седницата на бордот на директори на „Аерофлот” би можело да биде донесена одлука за санацијата на компанијта „Трансаеро” за сума од една рубља.
Откако беше објавено дека „Аерофлот” ќе ја преземе „Трансаеро”, позициите на двете авио-компании на Московскта берза се сменија. Акциите на „Трансаеро” пораснаа за речиси 40%, а акциите на „Аерофлот” паднаа за над 4%.
Кон средината на август беше соопштено дека против авио-компанијата „Трансаеро” е поднесена тужба во Арбитражниот суд за 1,29 милијарди рубли. Чистиот долг на овој авио-превозник пролетта 2015 година беше поголем од 67 милијарди рубли.
„Трансаеро” во овој момент е втора авио-компанија во Русија според бројот на летови и располага со флота од преку 100 авиони. Компанијата „Аерофлот” е најголемиот национален превозник во Русија со државен капитал од преку 51%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче