Службата за безбедност на Украина воведе забрана за влез на своја територија за 16 претставници на културата и медиумите од Русија, меѓу другото, и за режисерот Никита Михалков, писателите Владимир Кучеренко и Егор Холмогоров, како и за економистот Михаил Хазина, пренесува „Взгљад”.
Освен тоа, на „црната листа” се најдоа и познатите руски пејачи Олег Газманов, Јосиф Кобзон, Валерија Перфилова, но и актерите Сергеј Безруков, Михаил Бојарски и други.
„Влезот на територијата на Украина го забрани Службата за безбедност во склад со важечкото законодавство, во интерес на обезбедување на државната безбедност“, се наведува во соопштението на безбедносната служба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче