На автомобилскиот пазар во Русија, рекордна загуба претрпело руското претставништво „Фолксваген“, а во минус влегле руските претставништва на „Киа“, „БМВ“ „Субару“, „Нисан“ и „Џенерал Моторс“.
„Од гледна точка на динамиката на продажба 2014 година не беше најтешката: продажбата се намали само за 10% (на 2,5 милиони автомобили), а на крајот на годината побарувачката за нови автомобили опадна поради желбата на Русите, Казахстанците и Белорусите да не инвестираат пари во нивно купување“, пишува „Известија“.
Сепак, рускиот дистрибутер на „Мерцедес Бенц извлекол на пазарот рекордна добивка за себе – 5,7 милијарди рубли.
Најголема загуба претрпело претставништвото на „Киа Моторс Рус“ - 8,2 милијарди рубли наспроти добивката од речиси 5 милијарди рубли во 2013 година.
На 25 август медиумите соопштија дека автомобилските концерни почнале да ги накачуваат цените поради падот на вредноста на рубљата. На пример, „Форд“,„Сузуки“, „Пежо“ и „Ситроен“ ќе ги продаваат своите автомобили за 5% повисока цена.
Според податоците за јули продажбата на автомобили во Русија опаднала за 27,5%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче