Мигрантите што ја преминуваат Македонија имаат лоша репутација среде локалното население. Некои граѓани дури се плашат да се занимаваат со секојдневните работи. Нивната загриженост ја делат и жителите на Србија и Унгарија.
„Погледнете – на улиците нема речиси никој. Порано овде цел ден имаше народ, а сега нема жива душа. Никогаш така не било. Просто не можеме да излеземе од дома. Не можеме, и тоа е“, вели една граѓанка на Србија.
„Треба да се пуштат специјални автобуси кои би ги возеле децата до училиште за да не се заразат од бегалците со хепатит или некоја друга болест. Ете од што се плашиме“, признава друга.
„Уште сега напливот на мигранти претставува за нашата општина многу сериозен проблем. Ако се зголеми нивниот број, без позначителна поддршка од страна на централната власт ние нема да можеме да се справиме“, уверен е Ервин Хувар, претседател на српската општина Кањижа.
Во Унгарија ја искажуваат истата загриженост. „Дневно пристигнуваат по неколку илјади илегални мигранти. Тоа е кошмар“, изјави градоначалникот на градот Ашотхалом Ласло Тороцкај.
При вакви околности не е за чудо што државите со сите сили се стремат да ја решат настаната криза. За разлика од Македонија, каде локалните власти помагаат да се превезат мигрантите, Унгарија ја загради својата територија.
Оградата со бодликава жица што им го препречува на имигрантите патот во земјата, а во суштина – во Европската унија, изгледа мрачно. На некои места висината на оградата изнесува четири метри. Унгарските власти изјавуваат дека до крајот на август оградата ќе биде поставена по должината на целата 175-километарска граница со Србија.
Меѓутоа локалните жители ја сметаат оградата само за привремено решение. Тие предупредуваат дека мигрантите кои толку очајно сакаат да дојдат до својат цел едноставно ќе се протнат под оградата.
На решителноста на бегалците кои го ризикуваат својот живот, стремејќи се да дојдат до мирно пристаниште, европските земји ѝ се спротивставија со непромислени мерки. Засега победуваат мигрантите и, како и претходно, нема одговор како да се запре нивниот наплив.
Репортажата на „RT“ можете да ја погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче