За активирање на борбата против тероризмот во Сирија и реализација на Женевското коминике неопходно е обединување на опозицијата врз конструктивна платформа, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров на средбата со сириската опозиција.
„Ова не е првпат како се среќаваме. Посетите на сириските делегации веќе станаа традиција. Ова не е едноставно процес, ова се нашите напори за прекин на крвопролевањето во Сирија и обнова на мирот и стабилноста“, изјави Лавров. „Русија цврсто го поддржува суверенитетот, единството, територијалниот интегритет на Сирија и верува во способноста на Сиријците самите да ја решаваат својата судбина, да ги решаваат тешките проблеми со кои се судира земјата“.
Министерот истакна дека овој принцип е утврден во „Московската платформа“ од април годинава. Страните тогаш цврсто се заложија во корист на поактивна антитерористичка борба за „да ја отстранат од Сирија заканата од милитантниот екстремизам“.
Во документот, продолжи Лавров, е потврдена приврзаноста кон воспоставување сесириски дијалог, за да „се решаваат проблемите врз основа на заедничка согласност меѓу Сиријците како што е предвидено во Женевското коминике“. „Ние во целост ј поддржуваме таквата позиција“, потенцираше министерот.
Лавров обрати внимание на предложената од страна на претседателот на Русија Владимир Путин иницијатива за паралелни напори во борбата против тероризмот и реализацијата на Женевското коминике. „Една од натамошните претпоставки на овој пат е обединувањето на сириската опозиција врз конструктивна платформа за дијалог со владата“, наведе шефот на МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче