Грузиски министер: Без да се консултира со Западот, Грузија не прави ни чекор

Министерката за обрана на Грузија Тинатин Хидашели изјави дека нејзината земја не им се приклучи на западните санкции против Русија за „да не се отвори втор фронт на Кавказ“, пренесува „Взгљад”.

Министерката за обрана на Грузија Тинатин Хидашели изјави дека нејзината земја не им се приклучи на западните санкции против Русија за „да не се отвори втор фронт на Кавказ“, пренесува „Взгљад”.

Хидашели додаде дека Грузија сите свои активности ги усогласува со западните партнери. Без консултации со партнерите властите на Грузија не прават ниту еден чекор“, истакна министерката за одбрана на Грузија.  

Таа нагласи дека „задачата на Грузија е да има односи (со Русија) без војна и физичка конфронтација“. „Секоја мала или голема војна долга низа години би го забавил развојот на Грузија“, објасни Хидашели.

Таа потсети дека војната 2008 година го запре движењето на Грузија кон НАТО, додека нејзината земја сега има реална можност да влезе во „нов вид смислен однос со Европската унија и Алијансата“. Според нејзините зборови, на тој начин придружувањето на Грузија на антируските санкции би можело да има како последица компликации за Тбилиси на тој пат.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња