Анкета: Русите ги нарекоа САД „земја на криминал и декаденција”

Социолозите од Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) констатираа дека Русите почнале многу полошо да се однесуваат спрема САД во споредба со периодот на перестројката.

Социолозите од Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) констатираа дека Русите почнале многу полошо да се однесуваат спрема САД во споредба со периодот на перестројката. Мнозинството руски граѓани (59%) смета дека САД се непријателска земја без морал, додека 4% ја гледаат како агресор и „непријател број еден“. 2% ја гледаат Америка како провокатор и земја која тежнее кон светска доминација, а исто толку сметаат дека во САД преовладува антируско расположение. 10% од испитаниците го споменуваат Барак Обама во негативна смисла.

Меѓутоа, постојат и позитивни асоцијации, пишува „Росијскаја газета”. Така 2% Руси смета дека САД се моќна држава која го има Холивуд. Сепак, од перестројката односот спрема САД се сменил кон полошо. Како што наведува изданието, во 1990 година Русите ги сметале САД за земја со висок животен стандард (32%), додека во 2015 годна тоа го изјавиле само 12% од нив. Исто така, 15% од населението на РФ смета дека Америка е земја каде се бележи пораст на криминалот и пад на моралот.

„Ако Америка пред четвртина век изгледаше како слободно општество (13%) со развиена наука и техника (15%), каде успехот зависи од личните напори (20%), денес процентите на овие параметри се намалени петпати“, се наведува во соопштението ВЦИОМ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња