Анкета: Бегалците од Блискиот Исток ќе им помогнат на Естонците да ги засакаат Русите

Според анкетата што во Естонија ја спроведе компанијата „TNS Emor”, 42% од граѓаните на оваа земја е против прифаќање на бегалците, а само 32% од нив се подготвени да ги примат мигрантите, пишува „Christian Science Monitor”, а пренесува „RT”.

Според анкетата што во Естонија ја спроведе компанијата „TNS Emor”, 42% од граѓаните на оваа земја е против прифаќање на бегалците, а само 32% од нив се подготвени да ги примат мигрантите, пишува „Christian Science Monitor”, а пренесува „RT”.

Како што наведува изданието, причината за неподготвеноста на Естонците да ги примат кај себе бегалците, особено од Сирија и Африка, е недостатокот од искуство во новите правци на европската миграциска политика. Освен тоа, нестабилната економска ситуација и евро-скептицизмот, поттикнат од миграциската криза во Европа и финансиските потешкотии на Грција им овозможи на противниците на бегалците и членството во ЕУ да ги зајакнат своите позиции во Естонија. 

Инстинктивниот стремеж на Естонците да ги зачуваат својата култура и јазик, имајќи ја предвид нивната историја, во голема мера ја поедноставува задачата за поттикнување на националистичко расположение. Веднаш по завршувањето на Втората светска војна етничките малцинства сочинуваа само 2,7 % од населението на оваа земја. До 1989 година оваа бројка порасна на 38,5%. Повеќето од нив беа граѓани на Советскиот Сојуз кои дојдоа или беа присилени да дојдат за да ја развијат тешката индустрија на балтичките републики. 

Изданието истакнува дека на овој бран на миграција етничките Естонци негативно реагирале. „Естонците го доживуваа како некој вид на егзистенцијална загрозеност“, тврди  професорот по компаративна политикологија на Универзитетот во Талин Рајво Ветик.

И покрај фактот дека руското малцинство продолжува да биде главниот проблем на политиката на интеграција на Естонија, Ветик во можниот прилив на бегалци од Сирија и Африка гледа позитивен момент. „Многумина истакнуваат дека Естонците и Русите се слични. Ние со Русите имаме повеќе заеднички нешта отколку со имигрантите. Токму поради тоа мораме да го забрзаме процесот на интеграција и да го направиме поефикасен“, заклучува естонскиот политиколог.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња