Новата „Lada XRay” е во фаза на тестирање

Компанијата „АвтоВАЗ” го произведе првиот автомобил „Lada XRay”.

Компанијата „АвтоВАЗ” го произведе првиот автомобил „Lada XRay”. Најдобрите стручњаци на овој концерн во моментов внимателно го набљудуваат ова возило за да заклучат дали треба да започнат со сериско производство, пишува порталот „КарЊузВик“ (CarNewsWeek). 

Како што наведува изданието, експертите оценуваат дали автомобилот ќе биде во состојба да ги надмине сите идни потешкотии, а наскоро ќе биде завршена и втората пробна серија од 67 возила. Фабриката ќе може годишно да произведе околу 60 илјади автомобили „Lada XRay” што е, според пишувањето на порталот, мошне добро, доколку сѐ биде во ред со новиот модел.

Исто така, за да биде овој автомобил совршен, персоналот се обучува на следниов начин: покрај подвижната лента стојат два автомобила на кои вработените вежбаат склопување и демонтирање на возилото. Моторот на „Lada XRay” ќе има 120 коњски сили и зафатнина од 1,6 до 1,8 литри.

„АвтоВАЗ” на московското „Off-Road Show” на 26 август го претстави новиот модел „Lada Vesta Cross”, чие сериско производство ќе почне наесен.  


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.