Министерство за одбрана на РФ: Невозможно е да се создаде „климатско оружје“

Меѓутоа началникот на хидрометеоролошката служба на војската смета дека веќе постојат средства со кои може да се влијае на времето локално.

Невозможно е да се создаде и користи „климатско оружје“, изјави началникот на хидрометеоролошката служба на Вооружените сили на Руската Федерација Владимир Удриш, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, „светското искуство покажува дека влијанијата од глобален карактер се невозможни, затоа што бараат многу голема енергија, трошоци“. „Во глобални размери тоа е невозможно“, изјави тој во програмата на „Рускаја служба новостеј“.

Удриш истакна, сепак, дека веќе постојат средства со кои може да се влијае на времето локално – да се предизвика дожд, град, лавина. „Ние имаме градобијна служба, за осигурување од лавини што во текот на Олимписките игри беше искористена за обезбедување на манифестацијата кога беа предизвикувани предвремени лавини“, изјави тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.