Претседателката на француската партија „Национален фронт” Марин Ле Пен во текот на своето излагање во селото Браша во Шампањ упати салва со критики до владата на социјалистите, барајќи да ги укине антируските санкции, да го реши прашањето со нелегалните имигранти и да започне борба со исламскиот тероризам, пренесува „Комерсант”.
Во текот на своето излагање Ле Пен повторно повика на излегување од обединета Европа, наведувајќи неколку аргументи. Првиот од нив се загубите на Франција поради антируските санкции. Политичарката ги обвини првенствено владата на Оланд, но и Брисел и САД, кои им наметнаа на европските земји став во своја корист по повод украинската криза.
„Вистинскиот претседател веднаш би ги укинал санкциите против Русија“, рече Ле Пен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче