Компанијата „ГАЗ” ги претстави новите автомобили „Автодом” и „Охотник”

Премиерата на новите модели „Автодом” и „Охотник” е одржана на Меѓународниот салон „Москва Оф-роуд Шоу“, пренесува „Кјуто.ру“.

Компанијата „ГАЗ” ги претстави новите верзии на автомобили наменети за патување и одмор. Премиерата на новите модели „Автодом” и „Охотник” е одржана на Меѓународниот салон „Москва Оф-роуд Шоу“, пренесува „Кјуто.ру“ (Кьюто.ру).

„Автодом” е изработен на база на „ГАЗела НЕКСТ“ (ГАЗела Next) и има лизгачки страничен дел. „Ова оригинално решение им обезбедува на патниците голем простор кој порано не беше достапен во автомобилите од оваа класа“, соопшти компанијата „ГАЗ”.

Возилото е наменето за превоз и одмор на седум лица. Автомобилот е климатизиран и опремен со подвижен покрив, греење на гас, шпорет со аспиратор, фрижидер, микробранова печка, тоалет со мијалник и туш-кабина. Новиот модел, исто така, има двојно стакло, спална, кујна и трпезариски дел со сиот неопходен мебел.

„Охотник” е изработен врз база на возилото „Собољ 4х4“ (Соболь 4×4), има погон на сите четири тркала, блокада на задната оска „Итон“ (Eaton), багажник на покривот, скалила, дополнителни фарови, скалила за лесен пристап до салонот. Автомобилот може да прими четири лица. Освен тоа, „Охотник” е опремен со ротирачко седиште за совозачот, маса на расклопување, голем број уреди за одложување на предметите и дополнителен грејач за воздух. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.