Во Норвешка ќе биде емитувана серија за руска окупација на оваа земја

Во Норвешка ќе биде емитувана серија според сценарио во кое Русија ја окупирала оваа земја, а ќе ја лансира најголемиот норвешки независен канал „ТВ2”, јавува локалното издание „LO News”, а пренесува „РБК”.

Во Норвешка ќе биде емитувана серија според сценарио во кое Русија ја окупирала оваа земја, а ќе ја лансира најголемиот норвешки независен канал „ТВ2”, јавува локалното издание „LO News”, а пренесува „РБК”.

Настаните во серискиот филм се одвиваат околу инвазијата на руската војска врз Норвешка, со поддршка на Европската унија, откако власта во оваа скандинавска земја ја преземаат еколошки радикали кои ја сопираат нафтената индустрија во земјата. Според сценариото, Русија потоа ја окупира оваа земја.

Се напоменува дека „Okkupert” („Окупирани”) ќе биде најскапата ТВ серија во историјата на Норвешка. Таа ќе се состои од десет епизоди, а вкупниот трошок за снимањето ќе биде 90 милиони норвешки круни (11 милиони долари), што е двојно повеќе од буџетот на норвешките серии кои досега биле емитувани во странство. Изданието „Локал” наведува дека Велика Британија веќе искажала интерес за емитување на серијата.  

Најавата за серискиот веќе предизвика негативна реакција на руското МНР, пренесува „Би-Би-Си“. Руската амбасада во Норвешка изрази жалење поради претстојната премиера. "Иако авторите истакнуваат дека се работи за измислен настан и дека настаните немаат потпора во реалноста, се работи за потполно реални држави, а Русија, за жал, е претставена во улога на агресор“, се наведува во соопштението. Според мислењето на амбасадата на РФ, авторите на серијата одлучиле според најлошата традиција на студената војна да ја заплашат норвешката публика со непостојна опасност од Исток.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.