Претседателот на РФ Владимир Путин во телефонскиот разговор со канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд искажа загриженост поради континуираното гранатирање на населените места во Донбас од страна на украинските сили, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.
„В. Путин искажа загриженост поради континуираното гранатирање од страна на украинските сили на населените места во Донбас, зголемувањето на бројот на вооружените сили на Украина по должината на линијата на разграничување“, се вели во соопштението.
Во телефонскиот разговор беше особено потенцирана неопходноста од воспоставување директен дијалог меѓу Киев и претставниците на Донецк и Луганск, како и укинување на финансиско-економската блокада врз Донбас, информира Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче