Подморницата „Владимир Мономах” наесен ќе лансира ракета „Булава”

Стратешката нуклеарна подморница „Владимир Мономах” од проектот 995 „Бореј” ќе изврши лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава” во октомври или ноември, соопшти извор од рускиот Генералштаб, пренесува ТАСС.

„Владмир Мономах“ во октомври или ноември годинава во Баренцовото море под вода ќе истрела ракета „Булава“ на полигонот Кура на Камчатка”, изјави изворот. „До крајот на годината „Владимир Мономах“ ќе влезе во состав на силите за постојана готовност на Воената морнарица на Русија“, додаде изворот.  

Командантот на руската Воена морнарица Виктор Чирков на 1 јули изјави дека флотата ќе изврши неколку лансирања на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. Исто така, тој соопшти дека изградбата на стратешките атомски подморници од класата „Бореј“ ќе биде продолжена и по 2020 година. Дотогаш во план е изградба на осум подморници – носачи на ракетите „Булава“ од истата класа.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња