Министерство за култура на Полска: Русија ги има сите права на нацистичкото злато

Русија може да побара право на богатствата што нацистите ги однеле од територијата на СССР доколку ги најдат на возот пронајден на територијата на Полска, изјави заменик-министерот за културна и национално наследство Пјотр Жуховски, пишува „Дејли Телеграф“.

Русија може да претендира на огромно количество засега сѐ уште не пронајдено нацистичко злато, изјави заменик-министерот за културна и национално наследство Пјотр Жуховски, пишува „Дејли Телеграф“, а пренесува ИноТВ.  

На 28 август полските власти потврдија дека откриле објект кој може да се смета за славниот воз со „Нацистичко злато“. Пјотр Жуховски го нарече пронаоѓањето „без преседан“, а исто така соопшти и дека информацијата за возот на „ловците на богатства“ им ја кажал човек што бил на умирање.

Руските медиуми соопштија дека богатствата ќе се сметаат за законска сопственост на Кремљ. Правникот Михаил Јофе смета дека „претставниците на Русија без секакво сомневање треба да бидат повикани за определување на вредноста на откриените предмети“. Според него, Полска е должна да повика меѓународни експерти за определување на вредноста на товарот. Според меѓународното право, доколку сопственоста била одземена од територијата на СССР, товарот треба да ѝ биде предаден на руската страна, смета Јофе.
 

Без оглед на тоа што товарот засега не е утврден, полските власти изјавија дека ловците на богатство што го открија возот можат да побараат свој дел. „Ако се потврди дека возот превезувал вреден товар, неговите пронаоѓачи можат да претендираат на 10% од неговата вредност – во вид на награда или од министерството, или од сопствениците. Несомнено, сите вредни предмети ќе им бидат вратени на нивните сопственици доколку можеме да ги откриеме“, ги цитира зданието зборовите на Жуховски.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.