Медиум: Западот треба да прими онолку бегалци колку што фрлил бомби врз нивните земји

Место да работат и бидат од корист, бегалците ќе станат „социјални паразити” и ќе ја влошат ситуацијата со криминалот во Латвија, изјави познатиот латвиски писател и уредник на порталот „Имхоклуб“ Јуриј Алексеев.

Искуството на земјите кои се сретнале со проблемите со бегалци не покажува ништо добро. Место да работат и бидат од корист, тие ќе станат „социјални паразити” и ќе ја влошат ситуацијата со криминалот во земјата, изјави познатиот латвиски писател и уредник на порталот „Имхоклуб“ (Imhoclub) Јуриј Алексеев, а пренесува „Евроазија Дејли“ (Eurasia Daily).

Новинарот го повикува латвиското општество да има предвид дека и оваа држава ќе ја снајде истата судбина како и другите земји во Европа кои се осудиле да прифатат бегалци.

„Тие ќе живеат овде, ама нема да работат. Тие никаде не работат. Нам нема да ни испратат студенти, а несреќните семејства со многу деца кои ќе живеат овде од социјална помош брзо ќе се размножат, а во слободното време од размножувањето ќе продаваат дрога. Ние не измислуваме топла вода, момци! Тоа се случува во сите европски градови каде ќе се појават бегалци. Во сите“, истакнува Алексеев.

Тој додаде дека е склон да ги обвини САД за влошувањето на ситуацијата о бегалците. „Сирија не беше гладна земја како Сомалија. А сега врз глава им паѓаат бомби. Тие бегаат од бомбите! Дотогаш беа мошне сити, а сега бегаат за да не загинат. Исто е и во Либија. Гадафи можеше да држи 250 либиски племиња, а сега тие војуваат меѓу себе и се убиваат едни со други. За каква економска помош може да стане збор кога таму константно се води војна која е започната однадвор. Ние ја санираме температурата, а треба да ја лекуваме болеста. А болеста е прекуокеанскиот пат кој редовно и упорно со помош на своите бомби ја „демократизира“ цела Европа. Сега тоа дојде и до Украина. Додека не го запреме безобразлукот на САД ништо нема да направиме ни во Европа. Тие ќе бегаат, ние ќе им помагаме, па тие повторно ќе бегаат, затоа што ќе пукаат во нив итн. Само слеп човек не гледа кој го поддржува сето тоа. Во Ирак додека на власт беше Садам Хусеин годишно од „страшната репресија” гинеа 150 луѓе. Сега толку луѓе гинат дневно“, вели Алексеев.

Писателот предлага рамноправна поделба на бегалците. „Треба да се изброи која земја колку бомби фрлила во конфликтот започнат од САД и сразмерно на фрлените бомби да се распоредат бегалците. Зошто преку океанот седат мирно, зошто тие не ги примат бегалците“, се прашува новинарот.  

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.