Латвиски медиуми дискутираат за „размена“ на руското население за бегалци од Африка

Најтиражното латвиско издание „Латвијас Авизе“ (Latvijas Avīze) објави статија на колумнистот Јанис Стабурагс кој предлага руските жители на оваа земја да се „заменат” со бегалци од северна Африка, пренесува „Евроазија Дејли“.

Најтиражното латвиско издание „Латвијас Авизе“ (Latvijas Avīze) објави статија на колумнистот Јанис Стабурагс кој предлага руските жители на оваа земја да се „заменат” со бегалци од северна Африка, пренесува „Евроазија Дејли“ (Eurasia Daily).

„Зошто владата на Латвија не ѝ предложи на ЕУ замена на нашите колонисти за бегалците? Во врска со тоа што имаме огромен број вакви колонисти (околу 750 илјади), односот може да биде следниов: 100 колонисти за еден бегалец. Ако ЕУ ни помогне да ги истераме сите 750 илјади руски колонисти,  би можеле да примиме 7500 бегалци. Со тоа би ѝ покажале на Европа дека не сме никакви расисти, ниту противници на мигрантите. За латвиска Латвија поголем проблем се руските окупатори и колонисти отколку што се за Европа илјадниците бегалци од северна Африка и Блискиот Исток“, напиша Стабурагс.

„Доколку Европа се согласи на таква размена, најверојатно во Германија, Франција, Англија и другите држави би останал многу мал број од нашите колонисти, затоа што на Путин тие не би му биле корисни како „петта колона“ и тој би сфатил дека тие ѝ се потребни на Русија. Поради тоа за Европа тоа би било помал проблем отколку 7500 бегалци за Латвија, макар што руските колонисти се шовинист и тие пркосно зборуваат на руски и не ѝ се лојални на Латвија“,смета колумнистот.  

Тој истакна дека Латвија ќе има корист доколку има помал број на население. „Ги потсетувам оние кои ќе речат дека Латвија ќе биде латвиска, ама празна, дека празнината, тишината и природната вегетација се луксуз. Ако најнаселените земји се и најдобри, тогаш најсреќни би биле Газа, Бангладеш, Индија и Пакистан. Благодарам, но јас го преферирам Исланд”, нагласува Стабурагс. Изданието потсетува дека претходно Брисел ја натерал Латвија, за почеток, да прифати 250 мигранти од Африка и Блискиот Исток.  

Предлогот на Стабурагс доби голем одѕив во јавноста. Општото мислење на руската заедница го изрази политичарот од опозицијата Владимир Лидерман. „Би можеле да не обрнуваме внимание на овие глупости, меѓутоа, „Латвијас Авизе“ е весник со голем тираж во Латвија кој има влијание на масовната психологија. Ние, исто така, подготвени сме да ги замениме локалните националисти за жители на ретко населените места во областите на Сибир и Крајниот север. Во кој било размер“, истакна Лидерман.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња