Бан Ки Мун и Путин ќе дискутираат за прашања од глобална важност во ООН

Во петокот на официјалниот портал за правни информации беше објавен распоредот на претседателот Путин според кој тој ќе биде на чело на делегацијата на РФ на 70 сесија на Генералното собрание на ООН.

Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун планира да дискутира со претседателот на РФ Владимир Путин за прашања од глобална важност, доколку шефот на руската држава пристигне во септември во Њујорк за да учествува во 70 сесија на Генералното собрание на светската организација. Ова за ТАСС го изјавија од кабинетот на генералниот секретар.

„Ако претседателот Путин пристигне, тогаш генералниот секретар со задоволство ќе дискутира со него за прашања кои предизвикуваат глобална загриженост“, изјави претставникот на кабинетот Ери Канеко одговарајќи на прашањето дали Бан Ки Мун има намера да се сретне со рускиот лидер.

Во петокот на официјалниот портал за правни информации беше објавен распоредот на претседателот Путин според кој тој ќе биде на чело на делегацијата на РФ на 70 сесија на Генералното собрание на ООН.

Во составот на делегацијата исто така влегоа  министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот заменик Генадиј Гатилов, помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков, шефот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов, претседателот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков, амбасадорот на РФ во САД Сергеј Кисљак, постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин, шефот на Одделот за меѓународни организации на МНР РФ Александар Панкин и директорот на Одделот за прашања за неширење и контрола над вооружувањето на МНР РФ  Михаил Уљјанов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.