Втората фаза од руско-кинеските воени вежби „Поморска соработка 2015“ официјално завршија кај Владивосток, изјави претставникот на прес-службата на Источниот воен округ Роман Мартов.
„Денес во здружениот штаб на раководството на маневрите раководителите од кинеска и руска страна го објавија крајот на „Поморска соработка - 2015 (II)“. Рускиот вицеадмирал Александар Федотенков и кинескиот контраадмирал Ван Хај го истакнаа високото ниво на реализација на маневрите и соработката на копно, во воздух и на море. Руските и кинеските морнари стекнаа бесценето искуство со заемната работа“, изјави Мартов.
Активната фаза на маневрите „Поморска соработка-2015“ почна на 23 август во заливот Петар Велики недалеку од Владивосток. Во нив учествуваа 22 воени бродови на Русија и Кина, подморници и бродови за логистика, 20 воздухоплови, над 500 морски пешадинци и 40 единици оклопна техника. Тие одработија делови од противдиверзантски, противмински и противбродски задачи.
Првата фаза на „Поморска соработка-2015“ се одржа во Средоземното море во средината на мај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче