Канцеларката на Германија Ангела Меркел смета дека Европската унија сѐ уште не може да ги укине санкциите против Русија кои беа воведени поради конфликтот во Украина.
Според зборовите на канцеларката, ЕУ гледа дека санкциите влијаеле и врз низа западни компании. „Затоа ние, се разбра, сакаме такви политички рамковни услови кои би ни дозволиле да ги укинеме санкциите. Имајќи ги предвид значителните нарушувања на меѓународното право и до ден-денес нестабилната ситуација ние, за жал, сѐ уште не дојдовме до тоа прашање“, ги цитира зборовите на Меркел „Дојче Веле“, а пренесува РИА „Новости“.
Истовремено канцеларката истакна дека Берлин сака да им се врати на конструктивните односи со Москва. „Ние сакаме партнерски односи со Русија, ние имаме толку многу меѓународни проблеми“, изјави Меркел. Според нејзините зборови, на пример, Москва може да одигра важна улога во решавањето на конфликтот во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче