Медиум: Држава што e пред банкрот не може да бара ништо, може само да замоли

Весникот „Експерт“ пишува дека Москва нема намера и понатаму да се занимава со добротворна работа во однос на Украина и нејзиниот долг.

Изгледа дека Ангела Меркел и Франсоа Оланд во текот на средбата во Берлин успеале да му пренесат на украинскиот претседател дека обнова на војна на Европа не ѝ треба. И дека во случај да продолжи таквата политика, Европа нема да ѝ даде никаква помош на Украина, освен морална, и исто како во јануари и февруари 2015 година нема да ги спречи доброволците да преземат контрола над нови територии, пишува „Експерт“.

Иако Киев успеа да издејствува отпишување на 20% од долговите, сепак се чини дека украинскиот банкрот се приближува. Стручњаците кои се скептични во однос на економската иднина на Украина се повикуваат на ставот на Русија. Москва одби да се приклучи на договорот меѓу Киев и кредиторите. Владата на Украина официјално објави дека Русија нема да добие подобри услови од оние кои ги добиваат странските кредитори.

Јасно е дека Украина не може да ѝ го врати на Русија долгот, заради што Киев ќе дозволи банкрот според овие обврзници, освен ако Русија не направи отстапки. Стабилизацијата на украинската економија е и во интерес на Русија. Ако Украина се спаси од економски колапс, Москва ќе избегне големи трошоци за украинските бегалци и обнова на украинската економија.

Меѓутоа, Русија нема причини да се согласи на реструктуризација на украинскиот кредит. Изданието наведува дека претходно, според гласини, Сергеј Лавров му рекол на својот украински колега на средба со Европејците дека „земјите што банкротирале не можат ништо да бараат, можат само да молат“. „Експерт“ пишува дека Москва нема намера и понатаму да се занимава со добротворна работа. Доколку Украина сака отстапки од страна на Русија, таа мора да стане адекватен партнер и да ги исполнува обврските. Макар и во рамките на Минската спогодба.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.