Јацењук: Русија да бара враќање на кредитот од Јанукович

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека Русија треба да се согласи со предлозите на Киев за реструктуризација на долгот или да бара враќање на парите од оној што ги зел, пишува „Взгљад“.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека Русија треба да се согласи со предлозите на Киев за реструктуризација на долгот или да бара враќање на парите од оној што ги зел, пишува „Взгљад“.

„Русија не беше член на бордот на кредитори, и Русија вчера изјави дека сака да ја добие целата сума. Можам да им дадам јавен совет: тие што ги зедоа парите, добија политички азил во Руската Федерација,... од нив нека ги бараат парите, или нека ги вратат оттаму и ние со големо задоволство ќе покренеме правни дејства за секој од нив што добил пари и ги украл средствата на украинската држава“, изјави Јацењук.

„Уште еднаш ја повикувам Русија или да го прифати нашиот предлог, или подобри предлози за Русија нема да има“, додаде тој, пренесува РИА „Новости“.

Киев во четвртокот постигна договор со кредиторите за отпишување на 3,5 милијарди долари долг за обврзници чија вкупна сума изнесува околу 18 милијарди долари.

Киев исто така вети дека на меѓународните кредитори на Украина ќе им бидат исплатени дополнителни средства  доколку до 2020 година економијата на земјата почне да расте повеќе отколку што прогнозира Меѓународниот монетарен фонд.

Министерот за финансии на РФ Антон Силуанов изјави дека 3 милијарди долари кои Русија ќе ги добие од Украина се планирани за развој на инфраструктурата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.