Единствената „ракета-бомба” „Гром-2”, која претставува спој од ракета и бомба е развиена во Русија, соопшти генералниот директор на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување” Борис Обносов, а пренесува РИА „Новости”.
„Гром-2᾿ е во суштина бомба која место мотор има уште една боева глава тешка 130 килограми, со вкупна тежина од 250 килограми”, рече Обносов.
Според неговите зборови, „Гром-1” и „Гром-2” се направени врз база на ракетата Х-38. „Оваа година ја завршивме повеќецелната ракета Х-38 со ласерска боева глава. Додадовме крила и ја сменивме конструкцијата”, истакна генералниот директор на корпорацијата.
Тој додаде дека „Гром-1” претставува ракета со мотор, системи за инерција и наведување, како и сателитски систем. Освен тоа, ракетата има голема боева глава тешка 250 килограми, додека вкупната тежина изнесува 522 килограми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.